Опожарена плинска боца во Младо Нагоричане, интервенирале пожарникарите

Екипите на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане во текот на вчерашниот ден имале две интервенции.

Во првиот случај, пожарникарите гаснеле опожарена плинска боца во куќа во Младо Нагоричане, а неколу часа подоцна, во истото село екипите интервенирале на опожарено товарно возило, односно биле опожарени задните светла.

Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие не евидентирала интервенции на подрачјето на градот, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.