Базенот нема да работи една недела

Градскиот затворен базен нема да работи од утре до осми февруари. Надлежните информираат дека  во следните седум денови  ќе се врши комплетно чистење на базенот. Станува збор за редовно сервисно одржување кое што по правилата за одржување се прави двапати годишно, вели директорот на јавното претпријатие кое што стопанисува со базенот Сашо Петрушевски.

-Веќе поминаа  шест месеци откако работи базенот и ние од  први  до седми февруари решивме со подизведувачите , со изведувачите и сите оние кои го работат базенот да се направат ситни промени на некои гумички и слично и нормално приоритет и примарна работа е да се исчисти базенот,  хемиски и бактериолошки  да се заштити и со промена на водата да се врати во функција . Значи  од први до осми февруари , односно од среда  до следната среда нема да работи затворенито  базен, а од осми февруари нормално пак ќе се стави во функција и ќе работи, изјави Сашо Петрушевски ,директор  на ЈП„Чистота и зеленило“

Пливачките клубови, учениците , рекреативците со оваа спортска дисциплина можат да продолжат во среда , наредната недела. Дека за пливањето постои голем интерес кај граѓаните на Куманово зборува фактот што досега се отворени три пливачки клубови, а надлежните најавуваат и формирање на ватерполо клуб.

– Има најава од Ватерполо Федерација на Македонија дека ќе биде формиран и Ватерполо клуб,  значи тоа е интересот на оние млади луѓе кои не можеле сето тоа да го работат и да го исполнуваат затоа што немале услови. Со отворање на базенот сите овие предуслови се исполнети значи интерес има , нормално она што е приоритет  и примарна работа  е правилен развој и психофизички развој на младите  луѓе односно на деца од основни и средни училишта каде што нормално со  надзор на професори се исполнува настава . Сведоци сте дека од утринските до вечерните часови има многу посетители на базенот задоволен сум и мислам дека е постигнат полн ефект со отворање на овој базен, изјави Петрушевски.

Надлежните се уверени дека посетеноста на градскиот базен од ден на ден ќе се зголемува , не само од членовите на пливачките клубови и учениците туку и од рекреативците бидејќи , како што информира  Петрушевски веќе има интерес и од разни здруженија , невладини органзиации, пензионери кои што сакаат да уплатат неделни и месечни билети.

Коментари

коментар(и)