Библиотеката со литературен и ликовен конкурс

Основци и средношколци од Куманово денеска се натпреваруваа на литературен и ликовен конкурс  во организација на градската библиотека „Тане Георгиевски“ по повод месецот на книгата. Поради зголемениот интерес за учество, учениците се натпреваруваа поделени во групи, информира вд директорката на библиотеката Ана Денковиќ -Антевска.

-Се надевам дека успешно како и секоја година ќе одговорат на задачата. Комисијата која што го спроведува литературниот и ликовниот конкурс во најскоро време ќе ги објави добитниците, најуспешните како и оние што учествуваат ќе добиј и благодарници и награди, изјави Ана Денковиќ Антевска, вд директор на библиотеката „Тане Георгиевски“

Во рамките на месецот на книгата, започнат на 15-ти октомври предвидени се повеќе активности во библиотеката.

-Саем на книгата кој што почнува утре на издавачката куќа Матица на кој ќе можат нашите читатели да ги купат најновите изданија. Предвидени се четири работилници, трибини, промоции на книги и на големо изненадување на нашите читатели по долго време во подготовка односно во завршна фаза е издавање на збирка на песни на кумановски дијалект која би требало да излезе до крајот на годинава, изјави Денковиќ-Антевска.

Традиционално , годинава на први ноември ќе се одржи и општинскиот натпревар „Млад библиотекар“ , во кој учествуваат сите основни училишта. „Најуспешниот на овој натпревар, пак, ќе ја застапува библиотеката „Тане Георгивски“ на државниот натпревар во Скопје во библиотеката „Браќа Миладиновци“  кој ќе се одржи на 15-ти ноември годинава“ , појаснува Денковиќ-Антевска.

Коментари

коментар(и)