Болни и немоќни кумановци користат општинска асистенција

До сега во Куманово нема заразени и инфицирани од коронавирусот покажаа испитаните случаи и сомненија, информираше градоначалникот Максим Димитриевски на денешната прес-конференција одржана по состанокот  на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности за превенција од ширење на болеста COVID-19. Вкупно десет болни и изнемоштени лица во текот на вчерашниот и денешниот ден побарале општинска асистенција во однос на набавка и доставување на потребните лекарства и производи. Освен за потребните производи, граѓаните не ја плаќаат услугата од општината.

-Овие категории на лица ќе може да се јавуваат на телефоните 075 207 126 и 077 719 494, по што од страна на лица од општината ќе им бидат набавени и доставени бараните производи и лекови а за кои граѓаните сами ќе си ги покријат трошоците.

-за асистенција на болни и изнемоштени граѓани на располагање за услуги стои и Меѓуопштински центар за социјална работа. Нивниот дежурен телефон за контакт е 031 438 160.

-се препорачува на сите јавни и приватни здравствени установи, да дадат приоритет на лицата кои се задолжени или волонтираат за помош и асистенција на болни и немоќни граѓани.

-се препорачува на повозрасните граѓани да во случај на потреба за добивање на извештаи од специјалист и инсулин, да не мора лично да одат туку може да пратат друго лице да ги подигне истите, во нивно име. Исто така, лицата кои треба да се јават на редовна контрола, а се во стабилна состојба, може истата да ја одложат, рече Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Вршителите на јавен градски превоз, како и сите такси компании да вршат континуирана дезинфекција на своите возила, јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ да продолжи со дезинфекција на јавните површини и за истата дејност да биде вклучена и ТППЕ Куманово, а согласно заклучоците на Општинскиот кризен штаб, Општина Куманово се задолжува да обезбеди 30 соодветни рачни пумпи за вршење на дезинфекција.

-Се препорачува на сите јавни институции, пред влезовите на своите објекти, да обезбедат средства за подна дезинфекција на обувки, во форма на обложени сунѓери или сл.

-се препорачува на управителите на станбените згради, во координација со Центар за јавно здравје Куманово, да започнат со дезинфекција на заедничките простории и лифтови на сите станбени згради на територија на Општина Куманово. За истово, ќе бидат информирани преку Сектор за инспекциски надзор при Општина Куманово.

-Општина Куманово, преку Секторот за образование и Центар за Јавно Здравје Куманово, отпочна со вонредна дезинфекција на објекти на сите основни и средни училишта и истата ќе биде завршена до средина на оваа недела. Исто така, на сите објектите на градинката „Ангел Шајче“ веќе се направени и редовна и вонредна дезинфекција. Сите објекти од градинките, основните и средите училишта, по дезинфицирање, ќе бидат затворени за неовластени лица, рече Димитриевски.

Димитриевски нагласи во целост да се почитуваат заклучоците, мерките и препораките од Комисијата за заразни болеси при Министерство за здравсвство и Владата на Република Северна Македонија, а повеќе информации во врска со вирусот можат да се најдат на линкот на официјалната веб страница на Министерство за здравство на Република Северна Македонија:  http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/.

Општинскиот штаб за заштита и спасување и понатаму ќе ја следи состојбата и навремено ќе реагира, посочија надлежните.

Коментари

коментар(и)