(ВИДЕО)„Дака сервис“ слави 30 годишен јубилеј

Претпријатието за производство, монтажа и сервис на лифтови, „Дака сервис“ е пример за успешна компанија која постои 30 години во земјава.

Компанијата чие што седиште е во Куманово, работи на ниво на целата земја, а се обидува да се пробие на пазарот и во соседството, односно во Србија и Косово.

-Оваа година славиме 30 години јубилеј на нашата компанија успешно, квалитетно, гордо со сите напори успеавме да постигнеме со своите вработени да направиме добра фирма и кариера и да продолжиме и во Македонија и надвор за монтажа, сервис и поправка на сите лифтови без разлика на производители и компании со кои работиме. Во денешно време вработените се број еден во секоја компанија, и во мојата, јас сум презадоволен, без оглед на се, дадоа свој придонес и го постигнавме нашиот успех, кој ќе го градиме и понатаму-истакна сопственикот Бобан Додевски.

Од претпријатието велат дека ги надминуваат сите потешкотии предизвикани од кризата, од која што се погодени сите. Се надеваат дека ќе слават уште многу јубилеи.

 

Коментари

коментар(и)