Укинување на маските за средношколците и дозволени екскурзии на учениците се новите препораки од КЗБ

Препорака за укинување на маските во средните училишта по подобрената епидемиолошска состојба во земјава, како и препорака да се овозможи организирање на екскурзии за учениците од основните и средните училишта, ќе побара Комисијата за заразни болести, по денешиот состанок.

-За укинување на останатите мерки кои се се уште на сила ќе почекаме уште една недела. Сметаме дека трендот е позитивен, дека одиме во насока на тоа да имаме добра епидемиолошка состојба.  Се намалува трансмисијата на вирусот -нагласи претседателот на Комисијата.

Според податоците на Министерството за здравство во последните 24 часа се направени 2.430 тестови, а регистрирани се 294 нови случаи на КОВИД-19. Од нив осуммина новозаболени се од Куманово, каде што бројката на активни случаи во моментов изнесува 47 лица. На ниво на земјата активни се 1.835 случаи.

 

Коментари

коментар(и)