(ВИДЕО)Уписи на нови членови во МРК Куманово

Машкиот ракометен клуб Куманово врши упис на нови членови. МРК Куманово ги повикува децата родени во 2010-та па нагоре да ја започнат својата ракометна кариера во клуб со богата традиција, освојувач на Купот на Македонија, учесник во Европските купови, креатор на бројни младински и сениорски репрезентативци, посветен на развој на домашни играчи.

МРК Куманово има педесетина членови, деца и младинци од сите основни и средни училишта, но уписите се уште траат. Во клубот се формирани групи што се натпреваруваат во пионерска и кадетска лига, а веќе подолго време успешно опстојува и сениорската екипа. Освен кумановци, во МРК Куманово играат и ракометари од Скопје и играч од Свети Николе, информираат од клубот.

МРК Куманово се натпреварува во Прва лига плеј-оф, со очекувања за влез во Супер лигата.

 

Вечерва кумановските ракометари се натпреваруваат со РК Работнички од Скопје во училишната спортска сала на „Перо Наков“.

Кумановскиот ракометен клуб активно работи од 1954-та година.

 

Коментари

коментар(и)