По повод 5 октомври – Меѓународен ден на учителот и Детската недела, а во рамките на одбележувањето на осум децении од излегувањето од печат на првото списание за деца и првиот буквар на стандарден македонски јазик денеска во Занаетчискот дом беше организирано советување на тема: Библиотеката – темел на писменоста „Читањето во ерата на екраните – битка помеѓу алгоритмите и книгата“. Советувањето е наменето за воспитно-образовниот кадар во предучилишното, основното и средното образование и воспитание и за библиотекарите вработени во јавните и локалните библиотеки. Советувањето е на заедничка иницијатива на Педагошкиот факултетет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, ФОН при Универзитетот Гоце Делчев во организација на Здружението на просветни работници на Куманово, во соработка со Сојузот на просветните работници на Македонија, Здружението на просветни работници на Град Скопје, Здружението на одделенски наставници „Учител“, библиотеката „Тане Георгиевски“ и Општина Куманово, со поддршка на фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ и „Просветно дело“, редакција Детска радост“, Скопје.