Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово започнува со теренска активност насловена „Твојата идеја ќе победи“. Со поставување пунктови за собирање идеи, ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните на Куманово ќе ја составува програмата на партијата за претстојните локални избори. Почетокот на акцијата, денеска од градскиот плоштад го најави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово Владимир Михајловски.
Првите предлози и идеи од кумановци, членовите на ВМРО-ДПМНЕ можат да ги слушнат утре на неколку локации во градот, населба Иго Тричковиќ, Вера Которка, во близина на Општа болница Куманово.
Акцијата ќе трае наредните десетина дена.
Каде и колку пунктови ќе бидат поставени утревечер од 18 до 20 часот, ќе слушнете од изјавата на потпретседателот Михајловски.