ВИДЕО: Голема посетеност на библиотеката од читателите
Голем е интересот за читање на книги во летниот период, особено од повозрасните корисници, информираше денеска директорката на градската библиотека „Тане Георгиевски“, Марија Спасовска.
„Иако е лето тоа не значи дека се бара полесна литература, туку се читаат сите жанрови“, посочува Спасовска.
Нова набавка на книги е предвидена кон крајот на годината.