Две од десет деца имаат некакви проблеми со видот, покажале скрининг очните прегледи на првачињата во Куманово извршени во периодот од 15 мај до првата половина на септември годинава на очното одделение во кумановската болница. Скрининг очните прегледи за првачињата се задолжителни како дел од систематските прегледи за упис во училиште и се важна превентивна мерка за навремено откривање на очни заболувања и проблеми со видот кај децата.
Од одделот за офталмологија апелираат до родителите да не ги занемаруваат превентивните прегледи на очите, бидејќи раното откривање на рефракциските аномалии овозможува навременo третирање на проблемот и следење на состојбата.
Видеото со изјавата од спец. д-р Бојана Георгиевска – Димовска, началничка на Очно одделение при ЈЗУ Општа болница Куманово, по вестите во 18 часот.