(ВИДЕО) Делумно локализиран пожарот на Кокино

Се уште е активен пожарот на Кокино. Локализиран е поголем дел од огнот, но активни се уште две жаришта кои се наоѓаат на непрооден пат. Поради опасност од проширување во соседно село, локалната самоуправа побара во гаснењето да се вклучат хеликоптери. Жителите на Кокино од вчера се евакуирани од своите домови, а опожарени се неколку стари куќи. Согласно проценките досега се уништени над 600 хектари шума. Зафатена е и мегалитската опсерваторија Кокино.

 

Коментари

коментар(и)