Од полноќ поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика со својата најнова одлука повторно ги зголемува цените на бензинот и дизелот. Со најновата одлука, , од вечерва на полноќ нафтените деривати ќе поскапат за 3,36 проценти во однос на одлуката која беше донесена минатата недела.

Преведено во  бројки, ова значи дека од ноќеска на полноќ Еуросупер БС-98 и Еуросупер БС-95 ќе поскапат за 2 денари по литар гориво, додека Еуродизел поскапува дури 3,5 денари.

Според ова, од вечерва на полноќ, па се до следниот понеделник, Еуросупер БС-95 на бензинските станици ќе се точи за 73 денари, Еуросупер БС-98 ќе чини 75 денари, а литар Еуродизел ќе се продава по 63,50 денари по литар гориво.

Коментари

коментар(и)