ВИДЕО: Заврши четвртиот тениски турнир „Новак“, Еманоил Ивановски победник

Заврши четвртиот рекреативен аматерски тениски турнир, кој го организираше тениското здружение „Новак“ од Куманово. Еманоил Ивановски славеше во финалето над Александар Павловиќ, со резултат 2:1 (0:6, 6:3, 6:4). На турнирот кој се играше на тениските терени во близина на Спортската сала, поради пандемијата учествуваа 16 рекреативци, додека претходните години се натпреваруваа над 30 љубители на тенисот од Куманово.

-Да се заблагодарам до целото здружение „Новак“ Куманово, до сите тенисери, учесници, рекреативци. Ова е четврти турнир што го организира тениското здружение „Новак“, заедно со Сојузот на спортови и Општина Куманово-истакна Еманоил Ивановски, финалист и еден од организаторите.

Организаторите најавуваат дека до празникот, 11-ти октомври е предвидено да се одржи уште еден турнир, Куманово опен, на кој ќе имаат можност да учествуваат и  рекреативци од останатите градови.

-Ваквите турнири се многу потребни бидејќи спорт значи поголемо здравје за целата популација, спортот треба да има поддршка, што повеќе спорт, подобро за сите. Иако нема некое значење финансиско, или перспектива, бидејќи сите сме рекративци, но сепак спортот е значаен-дополни финалистот, Александар Павловиќ.

Најдобрите на турнирот добија медали, а учесниците благодарници. Здружението „Новак“ Куманово има за цел да организира тениски турнири, лиги, но и хуманитарни настани.

Коментари

коментар(и)