Организаторот на завршниот турнир од Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“ за 2026 година, кошаркарскиот клуб „МКК Куманово“ денеска одржа прес-конференција во пресрет на одигрување на натпреварите од петок до недела.
Пред присутните во прес-центарот на спортската сала во Куманово се обратија градоначалникот Максим Димитриевски, претседателот и спортскиот директор на клубот од Куманово, Ненад Стојановски и Андреја Маџовски, како и тренерите и капитените на осумте екипи-учесници на финалниот турнир во Куманово.