Климатските промени, зголемените трошоци за одржување, законските бариери, како и нелојалната конкуренција во последните години директно се одразуваат врз драстичниот пад на приносите на домашен мед, посочуваат пчеларите од кумановскиот регион и пошироко, кои што и годинава се дел од саемската манифестација „Денови на мед 2026“ што започна денеска на градскиот плоштад, во организација на пчеларското здружение „Пчела“ – Куманово. На саемот учествуваат 27 производители на мед и пчелни производи од Куманово и други градови во државата, како и државното средно училиште „Киро Бурназ“, кои што наредните три дена ќе им понудат на граѓаните чист природен мед (ливадски, шумски и други видови), пчелни производи: прополис, матичен млеч, полен и перга, но и дополнителни производи: медова ракија (медењача), креми на база на мед, слатко и мешавини со лековити билки.
Во услови кога пазарот е преплавен со фалсификуван мед или евтин увоз, купувањето мед од локални производители го поддржува домашниот пчеларство и гарантира внес на природен и квалитетен производ, порачуваат пчеларите.
Саемот „Денови на мед“ во Куманово традиционално е поддржан од Одделението за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој (ЛЕР) при Општина Куманово.
Видеото по вестите во 18 часот.