Здружението „За наше Куманово“ вечерва отвора простории на улицата „Октомвриска револуција“ (зад кафеана Жмара).
Претседателот, Даниел Стојчевски најавува дека од наредна недела ќе започнат со редовни состаноци и средби со граѓаните.
Воедно информира дека до нив пристигаат информации за формирање слични вакви здруженија во повеќето градови низ земјава.
Негира дека станува збор за нивни ограноци, но појаснува дека по формирањето ќе организираат средби со претставниците на кои ќе се одлучи за можно идно заедничко дејствување.
Воедно „За наше Куманово“ ги повикува сите заинтересирани граѓани да им се приклучат вечерва заеднички да ги отворат просториите.