ВИДЕО: Здружението „Пчела“ подели 1.200 медоносни садници

Здружението „Пчела“, во рамки на проектот „Да им помогнеме на пчелите“, на кумановските пчелари, нивни членови подели медоносни садници. Целта е со над 1.200 медоносни садници, од видовите еводија, каталпа, аморфа, бел јасмин, форзиција, спиреа, да им се помогне на пчелите, односно да се збогати пчелната паша.  Секој пчелар доби по 20-ина садници.

-Во овој случај сакаме да помогнеме на пчеларите, но на прво место да помогнеме на пчелата и да помогнеме воопшто во подобрувањето на оваа наша животна средина. Овие климатски промени што се случуваат секаде на глобално ниво, секаде во светот се води борба, започнува човекот да се освестува дека природата ни возвраќа и се повеќе штети на животната средина. Пчелата како главна алка во овој наш целокупен глобален еко систем се заканува опасност за нејзино намалување и нарушување на нејзиниот опстанок. На тој пат да и помогнеме на пчелата секако еден од најдобрите начини е да пошумуваме односно да засадуваме дрвја посебно што се медоносни, кои ќе помогнат да го подобриме и животот и здравјето на пчелата и на нас сите-истакна  Горан Митевски, претседател Здружение „Пчела“ Куманово.

Во рамки на проектот „Да им помогнеме на пчелите“здружението „Пчела“организираше и пчеларска работилница, за засадување и негување на медоносни дрвја.

-Бевме подготовени, едуцирани како да ги засадиме, така што во наредниот период ако ни дозволат протоколите за организирање на ваков тип на настани, планираме да организираме една презентација на агротехниката и одржувањето на медоносни растенија. Овие дрвја што се затоа што ние ги делевме овие садници директно на пчеларите, со цел да бидат заседени и да бидат сочувани тие садници. Ако ги засадиме на некои земјиште кое што е државно, „ничие“ останува осудено на мислост и немилост на природата, вака се надеваме дека дрвјата ќе ги сочуваме и пораснеме и затоа ќе ни треба соодветна едукација-дополни Митевски.

Од здружението нагласуваат дека за редовните едукативни предавања се уште размислуваат дали во наредниот период ќе се одвиваат со физичко присуство или онлајн.

Коментари

коментар(и)