На лов во Матејче повреден ловџија

Во СВР Куманово вчера било пријавено дека во местото викано „Голем камен“, во атар на село Матејче, Општина Липково,  додека биле на лов, А.В. (37 години) од село Матејче со ловечка пушка го повредил Л.С. (45 години) од Липково. Тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово, информира полицијата. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)