ВИДЕО: Кандидатите ги потпишаа кодексите за фер избори

Петмината кандидати за градоначалник на општина Куманово денеска потпишаа кодекс за фер и демократски избори. Согласно кодексот тие се обврзани да водат фер изборна кампања и да ги почитуваат принципите на демократија.

-Развојот на демократијата зависи од однесувањето на сите нас а поставување на темелите на истата е законска обврска токму на вас присутните кандидати за градоначалници и најдиректни учесници во изборниот процес. За развојот на демократијата ни се потребни фер и демократски избори како и почитување на принципите на демократијата. Сите учесници во изборниот процес со своите постапки и активности придонесуваат во развојот на демократијата и градењето на довербата во изборниот систем во Македонија. Законска обврска на секој од учесниците во изборниот процес односно присутни кандидати за градоначалници на општина Куманово е да го почитува кодексот за фер и демократски избори-истакна Бранкица Димковиќ, претседател на Општинска изборна комисија Куманово.

Изборната кампања за годинешните локални избори започнува во понеделник.

 

Коментари

коментар(и)