Поради истрага задоцни испораката на таблетите, информираат од општината

Поради истрага за техничките перформанси таблетите не беа веднаш испорачани на училиштата, е одговорот од општина Куманово, откако на социјалните мрежи излезе информација дека електронските уреди биле платени на крајот на април, а сега пред престојните избори им се делат на училиштата.

Од општината нагласуваат дека истрагата била започната откако член на Советот посочил дека набавените таблети не одговараат на техничките перформанси. По ова била побарана изјава од добавувачот, кој потврдил дека уредите ги надминуваат минимум техничките перформанси кои биле побарани на тендерската постапка, и затоа периодот на самата набавка беше подолг.

Дополнително имало и проблем за испорачување на голема количина , а со тоа се соочуваат и сега со набавка на смарт таблите.

Општината заедно со Министерството за локална самоуправа додели 620 таблети на основните и средни училишта.

Коментари

коментар(и)