Десетата годишна конференција на Здружението на преведувачи и толкувачи годинава ќе се одржи на петти ноември во Куманово. Темата на конференцијата е „Здравствените предизвици кај писмените преведувачи и усните толкувачи“, информира Наташа Атанасовска од Здружението на преведувачи и толкувачи.
-Ќе имаме говорител најпрвин локален ортопед кој што ќе зборува за најчестите мускуло-скелетни заболувања кај преведувачите кои што по цел ден седат на компјутер, ќе имаме и психотерапевт која што ќе зборува за менталните проблеми со кои се соочуваат толкувачите кога толкуваат во стресни ситуации, во стресни услови, ќе имаме и јога, лиценциран јога- инструктор кој што ќе покажува вежби за раздвижување на рбетот и техники на дишење за да може да се опуштат, физиотерапевт кој што ќе покаже вежби за раздвижување, но и претставник од осигурителна компанија и експерт за трудово право кои што ќе зборуваат за здравственото осигурување и какви права ние имаме бидејќи скоро 90 проценти од преведувачите во Здружението се хонорарци, значи работиме на договори на дело, немаме здравстевно осигурување и сакаме да знаеме кои се нашите права, кои се нашите можности кога станува збор за нашето здравје. Бидејќи ова е Конференција за преведувачи и толкувачи сакам да ги поканам и другите луѓе кои што работат на слична проблематика, наставничките , професорките, државните службеници и сите оние хонорарци кои што по цел ден седат пред компјутер, се соочуваат со стресни ситуации да повелат и да дојдат, наредната сабота( 05 ноември) од 10.30 часот во Куманово Спа, изјави Наташа Атанасовска од Здружението на преведувачи и толкувачи
Сите податоци за агендата, за регистрацијата, за котизацијата, може да се најдат на фејсбук страницата на Здружението на преведувачи и толкувачи, МАТА.