ВИДЕО: Над илјада ученици пливаат бесплатно во затворениот базен

За новогодишното украсување на централното градско подрачје со украси набавени од претходните години предвидени се вкупно 900.000 денари буџетски средства, за трошоците во спортската сала – еден милион денари, а за субвенционираното пливање на учениците во затворениот базен одвоени се околу 16 милиони денари. Овие податоци ги презентираше директорот на ЈП „Куманово паркинг“, Андреја Маџовски на седница на Советот на Општина Куманово.

Во однос на наставните и воннаставните активности на учениците на базенот, раководителот на Секторот за образование Александар Јовановиќ информираше дека годинава бројката на пријавени ученици кои што го користат базенот е 1.100.