ВИДЕО: Нов манастир на Богородица во комплексот „Света Троица“

Манастир посветен на Света Богородица доби комплексот „Света Троица“ во кумановското село Скачовце. Изградбата на новиот хром ја помогнале три жени, Викторија Механџиска, Христина Механџиска и Марина Поп Стојанова.

Ктиторот на комплексот, Стојан Пајковски кој над 30 години се грижи за објектот, вели дека изградбата на новиот манастирот, во која учествувал и тој, е круна на досега сработеното.

Комплексот во Скаковце прерасна во вистинско светилиште, со два манастири, конак, 12 метарски крст, камена кула, 3 метарско велигдеско јајце, различни статуи. Да градиме, создаваме и чуваме и пораката којашто ја праќа ктитор Пајко.

Манастирскиот комплекс „Света Троица“, се наоѓа на околу 12 километри од Куманово, на патот кон Свети Николе. Пред неколку години се закити со наградата за најдобро уреден еколошки центар во Европа.

Коментари

коментар(и)