ВИДЕО: Одбележана Европска недела на мобилност, учениците на велосипед

Над 20 ученици од кумановските училишта денеска со велосипед пратија порака граѓаните почесто да го користат ова превозно средство, за да се зачува животната средина и да се намали метежот во сообраќајот. На овој начин традиционално се одбележува Неделата на европска мобилност. Настанот го организираше Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи, а во соработка со Општина Куманово и републичкиот и општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и велосипедскиот клуб „Вело-М“.

-Континуирано во текот на секоја година организираме настани и манифестации кои го стимулираат движењето велосипед, од проста причина што економичноста при движење со велосипедот, здравствениот аспект и еколошкиот аспект секако се на приоритетна листа за нашите активности во минатиот и идниот период истакна Бојан Петковски од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Секторот за внатрешни работи Куманово во текот на целата година презема мерки и активности за јакнење на свеста за безбедно учество во сообраќајот пред се почнувајќи од најмладите, учениците и како пешаци и како учесници во сообраќај со велосипеди.

-Имавме повеќе акции со делење на флаери и друг рекламен материјал за јакнење на свеста за безбедно учество во сообраќајот на дечиња со велосипеди, возрасни но јакнење и на свеста на другите да ги почитуваат велосипедистите како учесници во сообраќајот, а пред се велосипедот да се користи како превозно средство со цел да се намалат голем број возила во сообраќајот а воедно и да се заштитни животната средина. Продолжуваме и понатаму со активности за поголема безбедност во сообраќајот. Со постојани вакви акции за превентивно укажување. Наместо казни да се даваат сообраќајни поуки,натпревари за младите а повторно јавна свест и сообраќајна култура кај сите граѓани-истакна Виолета Богдановска, началник на Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово.

Европската недела на мобилност се одржува секоја година од 16 до 22 септември.

 

Коментари

коментар(и)