ВИДЕО: Општина Куманово со донација за семејствата од Тетово

Општина  Куманово ќе одвои 100.000 денари за семејствата на настраданите пациенти од модуларната болница во Тетово. Советниците иако на предлог на советникот Драган Петковски од ВМРО-ДПМНЕ, едногласно ја донесоа одлуката  за помош на овие семејства. Доколку постојат законски пречки, поради претстојните избори, средствата на овие граѓани ќе им се доделат по изборите. Политичките партии согласни ова не е политика, туку поддршка и сочувство.

-Длабоко сочувствуваме со овие семејства и знаеме дека нивната загуба не може да ја надомести ништо. Ова е само еден мал гест со кој сакаме да им покажеме дека сме со нив во овие тешки моменти. Ако случајно постои законска пречка за исплата на оваа финансиска помош која што ја донесовме денеска како одлука парите ќе бидат исплатени по завршување на локалните избори. Ова се големи, тешки загуби, ова е мал гест со кој сакаме да им покажеме дека ние сме тука и дека и нашите мисли и сега се таму, со нив иако можеме ова е мала сума на пари, но сепак значајна и веруваме дека нешто ќе им значи на нив во овие моменти-истакна Ивана Николиќ, советник СДСМ.

-Се работи за чин, показател дека сочувствуваме со семејствата, секој еден од нас не како општествено одговорни, пред се како луѓе со нивната болка, и посакуваме искрено никогаш ова да не се повтори на никој. Меѓутоа воедно сакам да упатам и апел до нашите надлежни институции, органи во најскор можен рок да се направи една ревизија, бидејќи знаеме дека и во Куманово имаме ваква модуларна болница, која сега не би сакала да шплекулирам и не сум стручна во таа област, за техничкиот дел, приспособување на таа болница, која и ние како советници од опозицијата дадовме глас за поддршка на нашите граѓани, меѓутоа по однос достава на самиот кислород-посочи советничката Анета Шандева Доневска од ВМРО-ДПМНЕ.

Советот на Општина Куманово претходно донесе одлука и за донација на семејствата за жителите на Драч, Република Албанија, по катастрофалниот земјотрес.

Коментари

коментар(и)