(ВИДЕО) Оркестарот „Симфониум“со концерт во чест на љубовта и виното

Оркестарот „Симфониум“ при гимназијата „Гоце Делчев“ организира концерт по повод 14-ти февруари, Денот на љубовта и виното. Концертот ќе се одржи во понеделник во 19 часот, во Занаетчискиот дом. Многу повеќе за овој настан, но и за досегашните и идни планови на овој оркестар ќе можете да слушнете во интервјуто со професорот и диригент, Филип Петровски, кој денеска гостува во Дневникот на ТВ Плус. Гледајте ТВ Плус во 18 и 22 часот!

Коментари

коментар(и)