Околу илјада посетители за една седмица ги користеле услугите на отворениот градски базен во Куманово, информираше денеска в.д директорот на јавното претпријатие „Куманово – паркинг“, Андрија Маџовски.
Цената на билетот е 150 денари дневно.
И годинава не се продаваат пијалоци и храна кај базенот кој работи секој ден од 10 до 18 часот, соопштија надлежните.