(ВИДЕО) Поголем метеж, иселениците се вратија во земјава

Низ Куманово деновиве може да се забележи поголем метеж. Голем број иселеници се вратија дома за новогодишните и божиќните празници. Зголемена фереквенција возила со странски регистарски таблички, но редици низ трговските објекти. Печалбарите вообичаено во земјава остануваат до Божиќ, по што се враќаат во државите во кои што работат и живеат.

-Има метеж по продавниците тоа е нормално сега се празниците, печалбарите се вратија, ќе донесат некој денар ќе заврши тука во градот ние сите се радуваме за тоа-вели еден кумановец.

-Има раздвижено и сум среќна што е убаво и времето-нагласува друга кумановка.

-Има но не толку како што беше некогаш, пораздвижено и нормално-дополнува трета кумановка.

Според податоците на полицијата, од 23-ти на полноќ до денеска до 11 часот, во државата влегле 40.124 македонски државјани. Од полноќ пак до 11 часот се вратиле околу 900 граѓани. Граѓаните кои што влегуваа раскажаа дека празниците ќе го поминат овде, со своите блиски. Дел од од нив влегуваа со сертификати за примени вакцини а други пак со негативни тестови.

– Доаѓам од Австрија, празниците ќе ги поминам овде, супер поминав на одредени граници имаше малку гужви. Овде ќе влезам со негативен тест-вели еден државјанин.

-Јас доаѓам од Штутгард, Германија, неколку дена ќе сум тука за празниците, добро ги поминав границите немаше метеж се помина во најдобар ред, мислам дека и овде нема да се задржиме многу-дополни друг.

Со враќањето на времено вработените во странство освен во градовите поголема е сообраќајната фреквенција и на автопатите и регионалните патишта.

Секторот за внатрешни работи од Куманово апелираше поради зголемен обем на влез и транзитирање на домашни и странски државјани дека доколку не приложат еден од следните документи:

-сертификат/потврда за извршена имунизација од вирусот SARS-Cov, односно примени најмалку две дози на вакцина,

-сертификат потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена,сметајќи од денот на оздравувањето,

-медицинска потврда со негативен резултат, направен 72 часа пред излез/влез на/од територија на земјава или

-негативен резултат од брз тест за антиген направен 48 часа пред излез/влез на/од територија на Република Северна Македонија, задолжително се упатуваат во домашна изолација/карантин во времетраење од седум дена.

 

Коментари

коментар(и)