Во камион во Романовце, откриени 53 мигранти, информира полицијата. Имено, вчера во 22 часот на наплатната станица „Романовце“, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода 39-годишниот А.Ќ. од село Стојаково, гевгелиско бидејќи при контрола на товарно возило со полуприколка кое го управувал во правецот од Куманово кон Скопје, биле пронајдени 53 лица – мигранти, од кои 34 лица од Индија и 19 лица од Куба.
Исто така, при контролата било утврдено дека на влекачот и полуприколката биле поставени регистарски таблици кои припаѓаат на други возила, информира полицијата.
Мигрантите биле сместени во Тразитниот центар „Табановце“, а возачот А.Ќ. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.