Почна реконструкцијата на дел од Соколана. Како што соопшти градоначалникот Максим Димитриевски, со реконструкцијата се заштитува статиката, се менува покривот. За таа намена, како што е наведено на електронскиот систем за јавни набавки за реконструкција на Соколански парк и паркинг со спортско игралиште во комплексот, одвоени се над 12 милиони денари. Игралиштето во Соколана, претходно го реконструираше Владата и Агенцијата за млади и спорт и беше пуштено во употреба летото 2021 година.
Владата претходно ѝ ги врати во владение четирите големи спортски објекти на општината, Соколана, спортската сала, градскиот стадион и стрелиштето.