Православните христијани утре ја одбележуваат Задушница. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на мртвите. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верниците даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.
На Задушница во црквите се служи парастос на кој свештеникот со вино прелива пченица, а после службата се оди на гробовите на блиските, каде се пали свеќа и се чита молитва. Кој не може да оди на гробишта, тој пали свеќа во црква.