Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 16 часот лишиле од слобода граѓанин на Куманово, соопштија надлежните. Тој се сомничи дека на осми октомври годинава на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово одзел мобилен телефон од сограѓанин.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Куманово.