Превентивните прегледи се најважни за рано откривање на ракот на дојка, порачаа социјалдемократките на завршниот настан по повод кампањата за розов октомври. Но велат и здравствените установи мора да располагаат со неопходната апаратура. До крајот на годината неколку здравствени установи низ земјава ќе добијат мамографи.
