Во кумановската болница започна да функционира Роса школа за родителство. Идните мајки бесплатно се обучуваат за нега, исхрана на новороденчињата и самиот процес на породување.
Од здравствената установа информираат дека интерес има. Школото за родителство требаше да започне да функционира во 2019-та година, но тогашната состојба со ковид пандемијата, го спречи отворањето.
Идните мајки ги обучуваат вработените од акушерското одделение, Анита Стоилковска и Мендуше Селмани. Активно е вклучена и началничката на одделението, д-р Лидија Јовчевска, главната сестра на Општата болница во Куманово, Валентина Стојмировиќ, како и други вработени.
