Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово го лишиле од слобода В.С.(29 години) на булеварот Трета македонска ударна бригада, затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информира полицијата.