Целосно е отстранета дивата депонија во околината на поранешниот хотел „Ку-ба“. Екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ утрово продолжија со најавените активности за почист и поуреден град. Следните акции за расчистување на мини диви депонии ќе бидат реализирани во Биљановце, во месноста Стари лозја, кај воените магацини и на останати локации, зависно од временските услови, соопшти директорот на комуналното претпријатие Сашо Томиќ.
Надлежните апелираат до граѓаните за совесно однесување и заедничко зачувување на јавните површини, а особено во текот на грејната сезона да се воздржуваат од одлагање на пепел и жар во контејнерите. Во изминатите години често пати се случувало од невнимание на граѓаните да бидат опожарени и полуподземните контејнери.