Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера попладне во полицијата во Куманово било пријавено дека на ул.„Борис Кидрич“ се случила сообраќајна незгода во која бил повреден малолетник.
Според пријавата, незгодата се случила помеѓу патничко возило „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(25) од Куманово и мопед „априлија“ со кумановски регистарски ознаки управуван од 14-годишник од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.