ВИДЕО: Се чистат дивите депонии, надлежните апелираат на совест

Јавното претпријатие започна со акции за чистење на дивите депонии во централното подрачје и населбите. Според анализите на ниво на Куманово има 40-ина депонии. Се чисти со опремата којашто ја обезбеди општината, преку кредитот од Светската банка.

Надлежните апелираат граѓаните да се однесуваат совесно и да не ја загадуваат животната средина. Укажуваат дека јавното претпријатие изминатите 3-4 месеци во просек изнесува од 2800 до 3200 тони смет.

Изминатата недела се работеше на чистење на градските гробишта, потоа продолживме со чистење на поголема дива депонија во село Табановце, Горно Којнаре, детското игралиште, а во текот на оваа недела е планирано чистење на онаа фамозна дива депонија на влезот на населбата Перо Чичо. Екипите веќе се на терен и согласно временските услови се работи на чистење на улицата Ѓорче Петров, а утре доколку дозволат временските услови започнуваме повторно по кој знае кој пат, со чистење на таа депонија. Упативме безброј апели до граѓаните меѓутоа како и да е таму повторно продолжува  истиот тренд на создавање на таа депонија, која претставува проблем особено за жителите коишто живеат во населбата Перо Чичо бидејќи како што знаете, често доаѓа до палење и оваа недела планираме повторно да ја санираме и од наредната да продолжиме и со санирање на останатите-истакна Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и Зеленило“.

Од Чистота и Зеленило посочуваат дека за чиста животна средина и чиста општина, неоходно е претпријатието, инспекциските служби и СВР Куманово да си ја вршат својата работа, но и граѓаните мора да бидат совесни. Директорот нагласува дека последнава година јавното претпријатие ги обновило постоечките садови за смет во центарот, но и во населбите и селата.

-Се работи за бројка од некаде 900 дополнителни садови за смет само во изминатата година. Мислам дека речиси 90 проценти од населените места и селата се покриени со нови садови за смет а во централното градско подрачје дополнително работиме и на поставување на полуподземни контејнери. Оваа акција ќе продолжи и понатаму а секако ќе продолжиме и со дополнително поставување и онаму каде што е најпотребно. Садовите за смет што ги поставуваме во населбите и селата каде што луѓето се занимаваат со земјоделство, ги користат за складирање на отпад кој што не е органски. Овие садови за смет се наменети исклучиво за органски отпад, отпад од домаќинство и отпад од пакување. Често во самите садови за смет има и шут, земјоделски производи, и тоа претставува дополнителен проблем а и ја оштетува опремата со која што се изнесува самиот смет-дополни Стојчевски.

Изнесувањето на смет на градската депонија се наплаќа 0,2 денари  од килограм, односно 200 денари за тон. Градот пред три години започна со акција за селектирање на отпад. На 15-ина локации беа поставени садови за селектирање на стакло, пластика, хартија.

-Функционираат добро, меѓутоа имаме проблем кај садовите коишто се за пластика, и хартија, бидејќи доаѓа често до уништување од т.н диви собирачи кои подоцна тој отпад го препродаваат. За жал таа опрема не е заштитена и не функционираа до крај селекцијата на пластика и хартија, додека количини на стакло успешно селектираме. Има поставено дополнително на 20 локации за селекција на стакло, изминатата недела, но нема да се откажеме. Имаме на располагање садови за селекција на пластика и хартија и ќе продолжиме со поставување на истите-додаде тој.

Од комуналното претпријатие нагласуваат дека ќе бараат поголема ангажираност на СВР Куманово за заштита на истите садови за смет, а ќе разговараат и со дивите собирачи за ангажман во јавното претпријатие.

Коментари

коментар(и)