Повик за предлог проекти за културни манифестации

Општина Куманово објави јавен повик за прибирање предлог- проекти за организирање на културни манифестаци. Се повикуваат сите јавни установи, здруженија, фондации и други правни лица кои имаат регистрирана дејност од областа на културата да пројават интерес на овој јавен повик, исполнувајќи ги следниве услови: односно да се регистрирани како јавна установа, здружение на граѓани, фондација и други правни лица кои имаат регистрирана дејност од областа на културата, согласно законот и истите да се со седиште на територија на Општина Куманово како матична општина, да придонесуваат за збогатување на културниот живот, зачувување и афирмирање на материјалното и духовното културно наследство, да го поттикнуваат и афирмираат локалното творештво на локалните уметници,  да се грижат за унапредување на соживотот меѓу заедниците, да обезбедат континуитет на традиционалните културно- уметнички манифестации кои се од локален карактер.

Подносителите на барања потребно е да достават барање со основни информации за подносителот, краток опис на организацијата, предлог-проект за конкретна манифестација, опис на активностите кои ќе се преземат и придонесот од наведената манифестација, потребен буџет како и опис на потребите од буџетот и доказ за регистрација за вршење на дејност од областа на културата со седиште на територија на Општина Куманово (тековна состојба од Централен регистар). Јавниот повик трае наредните 30 дена.

Барањата со целокупната документација се доставуваат во писмена форма до општинската архива со назнака „До Општина Куманово, Одделение за култура и спорт, за Јавен повик од областа на културата“. Барањата кои ги исполнуваат условите, а кои ќе бидат од најголем интерес за развој и унапредување на културата во градот, ќе бидат дел од Програмата за културни манифестации за 2023 година.

Коментари

коментар(и)