Во летните месеци задолжителна е заштита на очите од штетните УВ зраци.
Според офталмолозите, луѓето кои поминуваат повеќе време на сонце без соодветна заштита, имаат предиспозиции да добијат фотокератитис, но и катаракта.
Носење очила со висока УВ заштита при директна изложенст на сонцето, заштитни очила за нуркање во базени, користење на вештачки солзи при појава на суво око, се дел од препораките на д-р Маја Иванова Цеков, спец.офталмолог и хирург во Систина Офталмологија, за соодветна заштита на очите во летниот период.
Клиниката располага и со најмодерна опрема за третман на сувото око.