Општина Куманово преку повеќе проекти интензивно работи на процесот на транспарентност и достапност на услугите за сите граѓани.
Иако веб страницата е достапна за лицата со попреченост, општината веќе аплицирала на повикот од министерството за информатичко општество за изработка на нова веб страница која би била уште подостапна за сите, информира секретарот на Општина Куманово Емилија Сларидис Јаневска.
-Еден од проектите е финансиран од Националниот демократски институт во соработка со Владата на Швајцарија и на Шведска, десетгодишен проект со цел да е подобрат сите услуги на општината во делот на транспарентноста, отчетноста и пристапноста за пружање на услугите кон своите граѓани. Самата веб страница на Општина Куманово е достапна за лицата со попреченост, меѓутоа ние не се задржуваме само на тоа, така што веќе аплициравме на повикот организиран од министерството за информатичко општество и дигитална трансформација за изработка на нова веб страница за која се надеваме дека ќе добиеме средства, а доколку не добиеме, самите си предвидовме и во буџетот за 2026 година, со цел веб страницата да биде уште подостапна и побрзо граѓанинот кој што ќе дојде на нашата веб страница го најде податокот кој што му е потребен. Дополнително, Општина Куманово пристапи и кон Меморандум за соработка со Рурална коалиција каде што една година ќе сме под мониторинг и менторство со цел подобрување на транспарентноста на општината, сега сме малку над средината, се стремиме да бидеме кон врвот, да не се задржуваме на средина. Службите постојано одговараат, голем дел од онаа листа од 150 документи што треба да бидат објавени на страната се објавени, службите ревносно работат за слободен пристап до информации од јавен карактер, секогаш се тука во служба на медиумите, на граѓаните и се трудиме секое прашање да добие одговор во најкраток можен рок. Ресурсниот центар е идеја на министерството за локална самоуправа со цел сите општини да ги подобрат своите квалитети во работењето и во пружањето на услугите кон граѓаните, но и во самата своја работа. Беше испратен еден прашалник од самото министерство, кој го пополнија општините што е она што и треба на секоја општина во сите области. Се надеваме дека во најблиска иднина ќе почне да функционира, изјави Емилија Сларидис – Јаневска, секретар на Општина Куманово.