На 3 Декември, светот го одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Во Македонија, правата на лицата со попреченост се заштитени преку:
• Закон за социјална заштита, кој обезбедува поддршка, рехабилитација и лична асистенција;
• Закон за вработување на лица со попреченост, кој поттикнува инклузивен пазар на труд;
• Закон за образование, кој гарантира пристап до инклузивно учење и преку
• Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, која е ратификувана и обврзува на недискриминација, пристапност и учество.
По повод 3 Декември, градоначалниот Максим Димитриевски на ФБ напиша: Денеска на Меѓународниот ден на лицата со попреченост сакам уште еднаш да ја изразам мојата поддршка за лицата со ПОП, кои се еднакви и имаат исти права со сите останати. Да продолжиме сите заедно да се залагаме за нивно вреднување, почит и интегрирање во секојдневниот живот. Да им помогнеме да ги истакнат своите интелектуални и креативни способности во сите општествени сфери, отстранувајќи ги бариерите со кои се соочуваат, целосно инклузирани во демократското општество.
Во Куманово во чест на 3 Декември викендов се одржа меѓународен турнир во пара пинг понг, во организација на Клубот за спорт и рекреација на инвалиди Куманово, со учесници од Македонија, Србија, Бугарија и Босна и Херцеговина и Црна Гора.