Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие евидентирала две интервенции, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.
Според дневниот билтен на РЦУК, вчера во периодот од 09 до 13 часот пожарникарите гаселе опожарена куќа во село Клечовце. Информациите говорат дека пожарот ја зафатил кровната конструкција на семејниот објект, при што настанала голема материјална штета. Причината за избувнувањето на пожарот, како и висината на настанатата штета допрва же се утврдуваат.
Во вториот случај, пожарникарите интервенирале на опожарен контејнер на булеварот „Октомвриска револуција“, вчера попладне околу 17 часот.
Вчера директорот на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ Сашо Томиќ апелираше до граѓаните да бидат внимателни и да се воздржуваат од одлагање на пепел и жар во садовите за смет што ги поставуваат.