Општината се залага за организирано живеење со поддршка

Се одржа последната седница на Советот за социјална заштита на Општина Куманово. Пред присутните членови, претседателот Тања Стефановска даде отчет за сработеното.

Општина Куманово која до 2022 година имаше само една лиценцирана социјална услуга (Лична асистенција), во изминатите три години преку финансиска и стратешка поддршка на граѓанските здруженија, овозможи воспоставување на уште четири нови лиценцирани социјални услуги:

Помош и нега во домот, услуга која обезбедува поддршка на старите лица во домашна средина (Општинска организација на Црвен крст Куманово)

Советувалиште за жртви на родовo базирано и семејно насилство, како професионална и доверлива поддршка за лицата кои се соочуваат со насилство ( Хуманитарна организација “Мајка”).

Центар за рехабилитација и реинтеграција на лица со интелектуална попреченост, услуга насочена кон зајакнување, оспособување и поголема вклученост во заедницата ( “Порака Наша”).

Центар за индивидуални третмани на деца со попреченост, специјализирана поддршка за навремена интервенција и развој на лицата со попреченост (Здружение за развој и промоција на инклузивно општество “Инклузива”).

„Во наредниот период ќе бидеме насочени кон воспоставување на услугата Организирано живеење со поддршка, која ќе им овозможи на лицата со попреченост да живеат достоинствено, посамостојно и со вистинска поддршка. Паралелно, работиме и на тоа нашата општина да стане уште попристапна и инклузивна, обезбедувајќи квалитетен пристап до услуги и институции за сите ранливи категории на граѓани”, истакна Стефановска.