Започна асфалтирањето на улици во индустриската зона Новини и Речица. Проектот го спроведува Општина Куманово со финансиски средства обезбедени од Потпрограмата АА на Владата.
„Продолжуваме со реализација и на претходно започнатите активности во новата развојна зона, односно изградба на атмосферска и фекална канализација и водоводна мрежа, како и осветлување на внатрешните сообраќајници. Претходно е завршена изградбата на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа на дел од улица „Видое Смилевски Бато” до с. Добрoшане, а во завршна фаза е изградбата на атмосферска канализација на улица „Бајрам Шабани“, финансирани од Потпрограмата АА.
Реализацијата на овој проект претставува значајна можност и голем потенцијал, кој ќе создаде услови за напредок и просперитет на нашите граѓани, објави градоначалникот Максим Димитриевски.
