Објавени резултатите за стипендирање на средношколци

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави резултатите од двата конкурса за стипендирање средношколци за учебната 2025/2026 година:

-900 стипендии за социјална поддршка на ученици од јавните средни училишта,

-1.570 стипендии за ученици запишани во дуалните паралелки (стручно образование со зголемен број часови практична настава).

МОН нагласува дека сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Мои апликации“ во колоната „Документ за одлука“.

По добивањето на решението, жалбите се поднесуваат до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, во рок од 15 дена од приемот на решението.

Добитниците на стипендија не треба да доставуваат испечатени и потпишани договори. Сите права и обврски околу користењето на стипендијата се наведени во решението.