Стомачните вируси се најчестите заболувања кај децата во летниот период, велат педијатрите, но сепак деновиве намален е бројот на пациентите кои што бараат медицинска помош на одделот за детски болести во ЈЗУ Општа болница Куманово.
Началничката на детското одделение д-р Маргица Арсовска – специјалист педијатар, апелира да се посвети поголемо внимание на хигиената во летниот период, да се внесуваат доволно течности, најчесто вода, да се јаде свежа и избалансирана храна.