Неполни две седмици до првиот училишен ден. Училиштата се отворени и се подготвуваат за новата учебна година.
Учебниците за прво, второ и трето одделение се дистрибуирани до училиштата во текот на месец јуни, а до крајот на месецов се очекуваат и книгите за погорните одделенија.
Директорите на училиштата апелираат до надлежните – постарите, дотраени учебници да бидат заменети со нови.
Повеќе на оваа тема од директорките на основните училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“, Александра Стаменковска и Јасмина Спасовска.