ВИДЕО: Успешна година за НРЦ со бројни активности

Националниот ромски центар по годишното изборно собрание информира дека успешно ја извршија 2022 година. Биле покриени повеќе активности, поврзани со здравствената заштита, правото на остварување на пристап до правда, поддршка на младите Роми. За пофалба е велат што имаме млад кадар, лекари. Бројката појаснуваат се искачува над 10 дипломирани лекари, но за жал петмина од нив си заминаа во странство, поради неможноста да обезбедат вработување во својата држава. Но велат кризата си го направи своето и поддршката од донаторите е намалена.

Од НРЦ истакнаа дека успеале наставниците од градот да ги вклучат во проект со Барселона, насловен Нуркање во дијалог.

Коментари

коментар(и)